На денешен ден е убиен херојот на Струмица Герас Цунев – Првоборецот на НОБ

Герас Цунев е роден на 24 февруари 1914 година, во Струмица во бедно занаетчиско семејство. Не можејќи да го продолжи школувањето поради немањето можности се определил за шивачкиот занает и заедно со шивачките работници на 12 ноември 1936 учествувал во организираниот штрајк. Уште од најрани години во него се родила желба да го види својот народ слободен.Таа желба особено се зголемила со запознавањето на истакнатиот херој од нашиот град Благој Јанков-Мучето, кој бил во Белград каде Герас Цунев го служел воениот рок.

Во Белград Герас Цунев станува член на Урсовите синдикати, а по доаѓањето во Струмица 1940 година станува член на Друштвото Esperanto. За време на окупацијата на нашата земја земал активно учество во демонстрациите од Месниот Комитет во Струмица каде биле истакнати транспаренти со натпис „Смрт на Фашистичките окупатори и пиони“.

Поради активностите и залагањата кон крајот на мај тој бил примен во редовите на КПЈ  каде активно и неуморно ги извршувал партиските задачи. По доаѓњето на инструкторот на Покраинскиот комитет Панче Пешев во 1942 година, се извршило реорганизација во партиската организација и се формирал Местен комитет на КПЈ за Струмица во чиј состав влегуваат Герас Цунев, Киро Минанов и Глигор Новаков.

Новиот комитет ги засилил врските со партиските организации во Радовиш и Берово, како и со членовите на КПЈ во Трудовата дружина кај Ново Село, при што е донесена одлика за исфрлање на партиски одред на 8 јули 1942 година.Членовите на Воениот комитет Панче Пешев, Иван Палифров и герас Цунев, започнале подготовки за исфрлање партизански одред, почнале со прибирање на оржје, набавка на извесно количество храна, облека и топографски карти.

На состанокот во куќата на Иван Палифров во Просениково пристигнал озлогласениот предавник и адент Славчо Азманов, при што Иван Палифров бил фатен, а Герас Цунев и Панче Пешев успеале да се спасат. По тој настан двајцата дошле во Струмица и за извесно време била преќината активноста на организацијата.

Во меѓувреме штипскиот Местен Комитет донел решение за исфрлање партизански одред со што биле нправени брзи подготовки.Групата составена од Герас Цунев, Васил Доганџиски, ВанчоКитаноски и Јаким Стојков требала да стигне во с.Долани каде на 16 декември биле откриени од полјакот кој бил соработник на окупаторот.

Васил Доганџиски и Јаким Стојков загинале, а Герас Цунев повторно успеал да се пробие. При пробивот бил ранет, изнемоштен од патот низ планината предаден на селската патрола од каде биол спроведен во полицискиот участок.

Од тогаш започнале мачењата во Радовиш и Штип каде не издадел ниту еден другар, не открил ниту една акција на партизанските организации во Струмица, Радовиш и Штип.До крајот им останал верен на своите другари и партијата. Затворскиот лекар барал да биде лекуван но и понатаму продолжиле да го мачат, надевајки се дека ќе изнудат признание.

Откако увиделе дека нема да дознаат ништо, решиле да ја извршат смртната казна која била донесена на судскиот процес кој бил одржан на 26-27 и 28 август 1942 година, биле осудени во отсуство Герас Цунев, Благој Јанков Мучето и Панче Пешев.

На 21 Јануари 1943 година во скопскиот затвор бил претепан со болни и загноени рани низ целото тело, унакажен во лицето застанал пред бесилка.Јажето морничаво паднало околу неговиот врат, а неговото тело висело на бесилката но за миг јажето се скинало.

Вџашените џелати го повторувале верскиот ритуал, по што завршил прерано животот на овој истакнат револуционер, кој најмногу од се сакал да ја види својата земја и народ слободни.

Поради се она што направил тој за денешната слобода не жалејки го својот живот горди сме што овој херој бил од нашиот град Струмица.

маркетинг


Select
Ознаки: ,