10 работи кои секогаш се поврзани со средношколските екскурзии

Почна сезоната на средношколските екскурзии – родителите и учениците под полна пареа се подготовуваат за претстојното патување низ повеќе европски земји. Учениците од СОУ „Јане Сандански“ први тргнуваат, а една недела подоцна, ќе заминат и учениците од другите две средни училишта во градот. Во екот на нивните крајни подготовки, ви ги претставуваме десетте нешта кои секако се случуваат или допрва ќе се случат.

1.Се грижат дали куферот ќе собере се’

Постојат деца кои доколку би можеле, се’ што имаат дома би го спакувале и понеле со себе. Но, сега бројот на парчиња облека треба да се ограничи, треба да се понесе и ќебе, и козметика, и обувки, и перница и што ли уште не…Некои од девојчињата однапред си планираат дневни комбинации на облекување. А замислете, таму остануваат кратки 7 дена.

2.Некои се грижат дали пасошот ќе им излезе навреме

Некои ученици специјално вадат пасоши за екскурзија и се во исчекување дали ќе ги добијат пред закажаниот датум на тргнување.

3.Некои размислуваат колку пари треба да понесат со нив

Некои размислуваат и однапред си планираат пазарување во продавници на познати светски брендови, други прашуваат колку „школските“ ќе земаат, трети ги убедуваат родителите да им дадат по некоја пара повеќе.

Related image

4. Задолжително се купуваат нови пижами, куфери, тренерки и патики

И покрај тоа што дома имаш најмалку 4 пара пижами, мора да се купат нови. Сите ќе имаат нови, мораш и ти. Не е лошо да се купи и по некој пар чорапи.

5. Класните раководители ги потсетуваат учениците да ги уплатат и последните рати од износот што треба да се плати на туристичката агенција

6. Се планира кој со кого ќе спие и со кого ќе седи во автобусот

Image result for high school trip

7. Учениците планираат како да „шверцуваат“ по некој литар алкохол

8. Единствено на што се мисли е екскурзијата, ништо не е важно – ниту лекциите, ниту закажаните тестови

Од друга страна пак, професорите, поведени од долгогодишното искуство, настојуваат тестовите и испрашувањата да бидат пред тргнувањето на екскурзија, знаејќи дека после враќање никој нема да учи.

9. Одново и одново се листаат агендите, учениците со поголем апетит повеќепати прашуваат колку оброка се вклучени во платената програма

10. Учениците кои знаат да свират на гитара одново и одново се молени со себе да го земат инструментот

маркетинг


Select
Ознаки: , ,