2017 – ГОДИНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ФК БЕЛАСИЦА

НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЗАРОБЕНИ ВО ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА И БЕЗ НИКАКОВ ЗНАЧАЕН УСПЕХ, КОНЕЧНО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА, ФК БЕЛАСИЦА ГО ОСВОИ ТРОНОТ ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК, И ШАМПИОНСКИ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ВМФЛ – ИСТОК. НО АМБИЦИИТЕ НА НОВАТА УПРАВА НЕ ЗАСТАНАА ОВДЕ. ФК БЕЛАСИЦА ВО МОМЕНТОТ Е НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА ВО ВМФЛ – ИСТОК, И УШТЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД ОВАА СЕЗОНА НЕ ДЕЛИ ОД ПЛАСМАН ВО ПМФЛ.

Имаме предност од 4 бодови пред второпласираниот Борец од Велес, кој има одиграно натпревар повеќе, и 5 бодови пред штипска Брегалница. Имаме големи шанси да ја освоиме шампионската титула и конечно ФК Беласица да се пласира во Првата македонска фудбалска лига. Успех кој струмичани со години го чекаат.

Голема заслуга за досегашниот успех имаат и нашите верни „Ајдуци“ кои неизмерно не поддржуваат на сите натпревари оваа сезона.

Тренерот на првиот тим Раде Цицмиловиќ утре ја има првата прозивка пред почетокот на подготовките за вториот дел од оваа сезона. Закажани се 8 контролни натпревари со неколку македонски прволигаши, но и екипи од соседните земји.

Договорени се и неколку нови засилувања, меѓу кои и звучни имиња од првата македонска фудбалска лига.

Изминатата година со помош на Фудбалската федерација на Македонија се реновираше и стадионот „Младост“. Беа изграде 2 нови трибини зад головите, беа сменети сите седишта на стадионот, реконструиран беше тревникот, а исто така беше поставен лед дисплеј како и камери за мониторинг систем во и надвор од стадионот.

Стадионот „Младост“ доби европски шмек и изглед, и во моментот е најдобар стадион во земјата, после арената „Филип Втори“ во Скопје, исполнувајќи ги сите услови и критериуми за одигрување на меѓународни натпревари. Струмичани имаа можност во 2 наврати да ја следат македонската фудбалска репрезентација во рамки на квалификациите за светското првенство во Русија оваа година против Албанија и Лихтенштајн.

На „Младост“ изминатото лето се играа и квалификациски натпревари за најелитните европски натпреварувања, „Лига на Шампиони“ и „Лига Европа“. А се играше и финалето од купот на Македонија помеѓу ФК Пелистер и ФК Шкендија.

ктивно се работеше и во младинскиот погон изминатата година. Во моментот имаме над 250 млади таленти, и тоа од 5 па се до 18 години а со нив работат 10 фудбалски тренери. Учествувавме на неколку меѓународни турнири и тоа во Бугарија, Италија, Франција и Словенија. Забележавме и големи успеси, посебно во Словенија, каде го освоивме третото место со фудбалерите родени 2003 година, и 4 место со генерација родени 2004 година. Во Италија пак, во конкуренција на 52 екипи се пласиравме помеѓу 16-те најдобри, со генерација родени 2002/2003 година.

Неколку фубалери од младинскиот погон добија шанса за настап во првиот тим. А укажаната доверба ја оправдаа со неколку постигнати погодоци и неколку асистенции. Всушност тоа е и целта на младинските школи. Да продуцира млади фудбалери за првиот тим, но и нови тренерски кадри.

2017 – тата прославивме и голем јубилеј. 95 години постоење. По тој повод, се одржа прослава на која беше промовирана книга со наслов „95 ГОДИНИ ФК БЕЛАСИЦА“, како и „химна“ за нашиот клуб. На прославата беа поканети голем број поранешни фудбалери на ФК Беласица, кои добија благодарница за „посебен развој во фудбалот и успесите на ФК Беласица“.

Кон крајот на годината ФК Беласица и ЖФК Тиверија склучија договор за официјална соработка, кој беше потпишан од претседателите на двата клуба.

И за крај на годината, Дедо Мраз им подари паќетчиња на нашите најмлади фудбалери, како и на фудбалерките од ЖФК Тиверија.

Се надеваме дека 2018 година, ќе ни уште поуспешна.

маркетинг


Select
Ознаки: ,