НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Приказната за опожарувањето на Куклиш

Денеска се одбележаа 114 години од палењето на селото Куклиш од страна на турската војска. Преданијата за трагедијата според историските записи се дека тогаш загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете  а имало и силување од страна на аскерот. Други записи има дека од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел. По зачуваните записи на историчарите, 1904-та година на 3 февруари големиот војвода Крсто Ѓоргиев Новоселски со својата мала чета слегол во селото. Како што се пишува тој бил предаден па по него се упатил башибозукот од Струмица. В зори започнала и главната битка. Големиот студ и снег ја поставиле во тешка положба војската, но тие биле непријател и за четата. Судрувањето траело цел ден, сè до полноќ. Турците на неколку пати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон Беласица. Четниците поминале без ниедна жртва, а од Турците загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село Габрово. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.

sela

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,