Пет предлози за книги од струмички автори кои ќе Ве згреат оваа зима

Не е лоша идеја вишокот од време во екот на претстојните празници да го поминете читајќи некоја квалитетна книга. Книгите го релаксираат, но истовремено и „тренираат“ мозокот, но важна е и нивната содржина. Нашиот тим состави список од книги, напишани од наши сограѓани, струмичани, кои вреди да се прочитат. Списокот погледнете го во продолжение.

Романите „Дно“ и „Дрво без корен“ од Анче Пешева

No automatic alt text available.

Родена во Пробиштип, по потекло Струмичанка, 29 годишната писателка во своите две дела успешно ги доловува проблемите со алкохолизмот, наркоманијата, семејното насилство. Овие две дела особено се корисни за младите, кои допрва се градат како личности. Во романот „Дно“ е опишан животот на тинејџерката Мими, која неприметно станува зависник од дрога, откако станува блиска со познат дилер на дрога. Минува низ низа патешествија за на крајот да се избори со зависноста и да стане психолог кој ќе им помага на други зависници.

Збирките поезија „Изгубена љубов“ и „Одблесокот во нејзините очи“ од Јане Киров

Image may contain: text

За вечните романтичари и вљубениците во убаво пишаниот збор, овие две дела претставуваат бегство во еден свет каде значајна е само љубовта и ништо друго. Авторот со своите само 19 години, ги собра сите позитивни критики и ги освои симпатиите на публиката благодарение на специфичниот избор на зборови, мотиви и контрасти. Во првото дело, ударна тема е потрагата по изгубената љубов и соодветно на тоа доминираат тажни, осаменички чуства. Второто дело пак, е еден вид продолжение на претходното и изoбилува со бројни позитивни, пријатни чуства кон избраната девојка, бидејќи авторот конечно ја пронаоѓа својата среќа.

Романот „Сети се, да ме заборавиш“ од Марија Јова

No automatic alt text available.

Линда е вљубена до болка во својот партнер, ужива во благодетите на животот и богато се храни со слатките плодови на љубовта. Го сака својот партнер, нѐ повеќе отколку што тој ја сака нејзе. Затоа што тие се создадени еден за друг. Тој е прекрасен, шармантен, романтичен, маж во вистинска смисла на зборот. Маж кој знае да љуби и освојува. Кевин. Нејзиниот Кевин. Нејзината сродна душа. Половинката од нејзиното срце која ја пронајде на дното од океанот. Трилер кој се чита во еден здив, ромаса која ќе ве маѓепса, разочара и воодушеви во исто време, драма која ќе ве остави без зборови, крај кој ќе ве замисли. Љубовна приказна која никогаш нема да ја зборавите. Затоа што таа е поразлична. Поразлична од сè што имате прочитано до сега, а толку слична со она што го имате доживеано. Со она што ве заболело таму, под коските, во срцето. Најболните нешта се чини, секогаш се премолчуваат. И некои луѓе – никогаш не се забораваат!

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , , , ,