Цигарите поскапеа од 3 до 5 денари, во јули ќе поскапат за нови 4 денари

Поскапувањето зависи од бренд до бренд, и се движи од 3 до 5 денари.

Одредени бреднови на цигари во продавниците низ Македонија веќе се продаваат по нова, повисока цена.

Продавачите велат дека дистрибутерите им најавиле дека до Нова Година може да се очекува нов бран поскапувања на поголемиот број брендови на цигари.

Ова поскапување доаѓа на повеќе од 6 месеци пред рокот во кој државата ќе ја покачи акцизата на тутунот и тутунските производи.

Од 1 јули акцизата ќе се зголеми за 4 денари по кутија што ќе отвори нова можност за поскапување на цигарите.

маркетинг


Select
Ознаки: ,