Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Проектот за заштита на овој споменик на културата се реализираше во шест фази. На конзерваторско- реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво…

Целосно е реализиран проектот за обнова и конзервација на црквата „Свети Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран, информираат од Министерството за култура.

Проектот за заштита на овој споменик на културата се реализираше во шест фази. На конзерваторско- реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури, појаснуваат од ресорот култура.

За целосната обнова на црквата „Свети Илија“ преку Заводот за заштита на спомениците на културата и музејот во Струмица, во неколку буџетски години, министерството издвоило околу четири милиони денари.

маркетинг


Select