Царинската управа поднесе кривична против струмичанец

До ОЈО Струмица е поднесена кривична пријава против лицето Н. С. од Струмица, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно пуштил во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измами купувачи. На 19 мај 2016 година во Ново Село, Струмица, од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  било сопрено патничко моторно, во кое пријавениот бил сопатник. Од страна на царинските инспектори извршен бил преглед на возилото, при што се пронајдени стоки и тоа: 75 парчиња маици, 40 парчиња комплет тренерки, 73 парчиња долни тренерки и 12 парчиња шорцеви, сите со ознаки на заштитени трговски марки за кои пријавениот изјавил дека се негови.

маркетинг


Select