Фени Индустри го продолжи победничкиот поход – настрада и Струмица

2388-mak-kosarka-karpos-sokoli-feni-industri-1783

Составот на Фени Индустри заедно со Работнички и понатаму остануваат двете непоразени екипи во Првата лига, откако вечерва кавадарчани се радуваа на победата и во Струмица со резултат од 62-71.

Избраниците на Љупчо Малинков го контролираа текот на целиот меч, од првата па до последната минута и на крај сосема заслужено се радуваа на новата победа. Фени Индусти уште по првото полувреме направи позитива од +9 (30-39), за да во вториот дел само ја потврди новата победа со конечен резултат од 62-71.

Матија Чешковиќ со 22 поени беше прво име во побеничката екипа на Фени Индустри, во чии редови солиден ефект од 15 поени имаше и капитенот Николовски. Во составот на Струмица со 16 поени најефикасен беше Душан Станковиќ.

маркетинг


Select