Улицата во Пиперево во завршна фаза

Реконструкцијата на улицата во с. Пиперево, која од центарот на селото води кон црквата Св. Ѓорѓи, е во завршна фаза. Моментално се работи на поставување на уличното осветлување односно канделабрите кои ќе бидат поставени по целата нејзина должина. Исто така во завршна фаза е и поставувањето на бекатон плочките на тротоарот.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата која освен асфалтирање во должина од 244 метри и ширина од 6 метри, опфаќа и поставување на дренажен слој и атмосферска канализација. Овие активности се целосно завршени.

Вкупниот Буџет за оваа улица, заедно со веќе изградената улица во населеното место Нова Маала, изнесува 12 000 000 денари од кои 10 000 000 денари општината ги обезбеди со кредитно задолжување од Светска банка како подзаем обезбеден преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услиги. Учеството на општина Василево е 2 000 000 денари – обезбедени од сопствениот буџет.

Рокот за отплата на кредитот е 5,5 години со грејс период од 1 година.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија „Универзал Градба“.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,