Трета регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Струмица

На 9. ноември (четврток), 2017 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поддржано од проектот финансиран од Европската Унија – MAINLAND, кој го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), ќе ја одржи третата регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. Работилницата ќе се одржи во Домот на Арм во Струмица, со почеток во 12:30 часот.

 

На настанот ќе се обратат:

  • Не. Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)
  • Г-а Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (проект MAINLAND)

 

Целта на работилницата е да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште. Ќе присуствуваат претставници на локални земјоделски организации, села и единици на локалната самоуправа, како и други важни локални партнери од југоисточниот и вардарскиот регион.

 

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година. Локалните земјоделци и сопственици на земјоделско земјиште ќе се информираат за претстојната селекција на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес за новите консолидациони проекти во наредните неколку недели.

 

Во изминатите три недели, сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште  и како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.

 

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,