Тиверија ѝ даде 18 гола на Саса

Екипите на Драгон и Тиверија Струмица ги продолжија победничките низи во Првата женска фудбалска лига откако ги добија ривалите и во 6. коло од шампионатот.

Драгон дојде до тешки три бода на гостувањето кај Борец, со гол пред самиот финиш на натпреварот (1-2). Мечот беше крајно изедначен, а во 90. минута, погодок вреден три бода за некогашниот шампион постигна Ленче Андреевска.

Тиверија Струмица, пак, одигра одлично на домашен терен и со 18-0 славеше над Каменица Саса. По шест гола во мрежата на противникот постигнаа Димоска и Дервиши, Николовска заврши со два, додека Ристовска, Панеска, Бошкоска и Велкова запишаа по еден гол.

Изненаден беше шампионот Истатов, кој неочекувано на домашен терен загуби со високи 0-4 од Атлетико Битола. Четири различни фудбалерки се запишуваа во листата на стрелците, а тоа беа Ангела Стојковска, Афродита Салихи, Александра Марковска и Теодора Бумбароска.

На останатите мечеви, АС Јунајтед со 3-1 ја совлада Речица, Топ Гол беше сигурен против Тетово (4-0), а Кочани со високи 12-0 со погодоците на Петровиќ и Благонова, кои дадоа хет-трик, Ѓорѓиева и Атанасова со по два, како и Игнатовска и Иванова кои погодија по еднаш го совлада новајлијата Њу Јорк.

Лидери на табелата се Драгон и Тиверија со максимални 18 бода, а ги следат Борец, Атлетико и Истатов со по 12. По нив, се АС Јунајтед и Тетово со по девет бода, Кочани со седум бода, Топ Гол со шест бода, Речица со четири бода, како и Њу Јорк и Каменица Саса кои чекаат на своите први бодови оваа година.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,