Тиверија Струмица се засили со најдобрата фудбалерка за 2016 година!

Македонскиот прволигаш Тиверија Струмица донесе големо засилување пред продолжението на сезоната од Првата женска фудбалска лига.

Во редовите на струмичанки пристигна Теодора Димоска, македонската фудбалерка, која е прогласена за најдобра за изминатата 2016 година од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Димоска, која во новиот клуб пристигнува од актуелниот првак Драгон, е актуелна репрезентативка, па така, се очекува да биде од голема помош за струмичкиот тим кој се бори за што подобар пласман во прволигашкото друшво.

Тиверија Струмица на есенската пауза се наоѓа на шестото место на табелата со две победи, две нерешени средби и четири порази.

маркетинг


Select