Тиверија го продолжи победничкиот марш во првенството

Екипите на Тиверија Струмица и Драгон од Скопје продожија да победуваат и по седум кола имаат максимален учинок во Првата женска фудбалска лига.

Струмичанки на гостински терен кај Речица славеа со убедливи 1-5, а работата ја решија уште во првото полувреме во кое дадоа четири гола. Стрелец на хет-трик беше Рабиа Дервиши, а Николовска и Димоска дадоа по еден гол.

Драгон, пак, беше сигурен против некогашниот првак Кочани против кого на домашен терен славеше со 6-0. По два гола дадоа Ленче Андреевска и Стефана Битевиќ, а еден постигнаа Едина Емини и Милица Шебек.

На останатите натпревари шампионот Истатов со 6-1 со головите на Елена Петровска (хет-трик), Јана Чурбиноска, Христина Аџулеска и Драгана Колевска славеше над Каменица Саса, Атлетико со 7-1 го победи Топ Гол, Борец забележа голема победа со десет гола во Тетово (10-1), додека АС Јунајтед му даде „шестка“ на Њу Јорк (6-1).

На врвот на табелата остануваат Драгон и Тиверија Струмица со максимален учинок – седум победи по седум кола, а по нив се Борец, Атлетико и Истатов со по 15 бода, АС Јунајтед со 12 бода, Тетово со 9 бода, Кочани со седум бода, Топ Гол со шест бода, Речица со четири бода, како и Њу Јорк и Каменица Саса кои се без бодови.

маркетинг


Select