СТРУМИЧАНИ ВО НОКДАУН: Хил сам им даде 45 поени!!!

Во дербито на дното од 6. коло во Првата лига, кошаркарите на Кожув славеа на гостувањето против Струмица

Во игра со доста промени во играта, и резултатот, на крајот гевгеличани стигнаа до двата бода.

Пред се по заслуга на неверојатниот шутерски ефект на Марк Хил, кој во струмички „Парк“ реализираше рекордни  за еден играч во овој дел од Првата лига, 45 поени.

Струмица – Кожув  85:92 (22-28,28-19,19-22,16-23)

Публиката во Струмица виде едне доста израмнет меч, се до последниот период од играта. Па така на пример, на осум минути до крајот, резултатот беше нерешен (75:75).

Но гостите имаа подобра завршница во која прво дојдоа до плус од пет поени (84:79), која во последните три мнути успеаја да ја одбраната и за прв пат во сезоната да победат.

За 36.минути поминати во игра, на своето деби за Кожув, Хил погоди девет тројки (од 14. обиди), беше половичен во шутот за два (5/10) и одличен од линијата за слободни фрлања (8/10). На тоа додаде и седум скока и три додавања.

Тоа заедно со дабл-дабл ефектот на Мишковиќ (20. поени и 10.скока), и десетте поени кои дојдоа до искусниот Пековиќ, се покажа како доволно за првиот првенствен триумф по шест одиграни кола.

маркетинг


Select