СТРУМИЧАНЕЦОТ ЈАНИ АТАНАСОВ ВО ДРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА И ДАДЕ ГОЛ НА СИЛНАТА ШВАЈЦАРИЈА!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години успеа за само пет минути да направи пресврт во дуелот против Швајцарија (2-1), кој се игра во рамки на квалификациите за ЕП.

На стартот на вториот дел, тимот на Станојковиќ успеа да постигне гол по еден корнер. Највисок во скокот беше Филип Трајановски, кој излезе осамен и со моќен удар со глава во 56 минута успеа да изедначи на 1-1.

Само неколку минути подоцна, поточно во 61. минута, Дарко Чурлинов тргна на влез, но беше фаулиран во шеснаесетникот, по што судијата покажа на белата точка, а реализира Јани Атанасов за комплетен пресврт.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,