Струмица не дозволи изненадување против Охрид

strumica

Струмица по голема борба го победи составот на АВ Охрид со 74:68 (18-16, 20-20, 14-19, 22-13) во натпревар од 4 коло во Првата Лига. Одлучувачка беше последната четвртина во која подобри се покажаа домашните кошаркари.

Гостите во третиот период имаа предност и од 9 поени, но не знаеја како да ја задржат во финишот, кога домашните кошаркари стигнаа некако на минус 3, 52:55. Неизвесно беше се до две минути до крајот, кога  Струмица со серија поени се одлепи на 72:66 и лесно го комплетираше мечот за конечни 74:68.

Кај Струмица се истакна искусниот Зивчевиќ кој реализираше 21 поен, а во составот на Охрид двоцифрен број на поени имаа Василиќ и Милојевиќ по 14, а ветеранот Михајловски имаше 13.

маркетинг


Select