Советот на Струмица изгласа милијарда и 163 милион денари буџет за 2017

На предлог на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денес струмичките советници на својата 48. седница, го усвоија Буџетот на Општина Струмица за 2017 г., а беше донесена и одлуката за извршување на Буџетот на Општина Струмица за 2017 година. Општинскиот Буџет за наредната година „тежи“ 1.163.865.728, кој според зборовите на градоначалникот Заев, има нагласена развојна компонента. Советниците ги усвоија и сите Предлог – програми кои произлегуваат од Буџетот. На дневен ред на седницата се и извештаите за работење на Јавните претпријатија „Комуналец“, „Паркиралишта“ и „Струмица – гас“ за 2016 година, како и програмите за работа на истите, за 2017 година.

маркетинг


Select