Советот на општина Струмица ја одржа четвртата седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа четвртата седница. Иако од политички причини, советниците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, на истата беа усвоени повеќе предлог одлуки, решенија, извештаи и програми. Беа усвоени Извештајот за работата на Општинската изборна комисија – Струмица за организација и спроведување на Локалните избори 2017 година, за периодот август – октомври 2017 година, Предлог – Одлуката за определување висината на надоместокот и начинот на исплата на изборните органи при локалните избори во 2017 година на подрачјето на Општинска изборна комисија

– Струмица, Предлог –Одлуката за определување и исплата на надоместокот за изборните трошоци на организаторите на изборната кампања за Локалните избори 2017 година во општина Струмица. Советниците ги усвоија и Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2017 година во општина Струмица, предлог – одлуките за доделување на парична помош на Миле Божинов, Љупчо Симевски и Димитар Алачки сите од Струмица, Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2017 година, Предлог – Одлуката за избор на член на Советот на општина Струмица, кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашањата на конфликт на интереси на Градоначалникот на општина Струмица, Предлог – Решението за разрешување на членови во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Предлог – Решението за разрешување и избор на членови на Советот на општина Струмица за учество во работата на Комисијата за издавање на деловен простор под закуп, Предлог – Решението за разрешување и именување на членови во Локалниот економско-социјален совет на општина Струмица. На денешната седница беа усвоени и предлог програмите за развој на локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ за 2018 година, Програмата за работа со финансов план за 2018 година на општинската установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“, Предлог- Анексите на годишните програми за работа на основните општински училишта во учебната 2017/2018 година, извештајот за работењето и годишниот план за вработување на ЈП „Струмица гас“, како и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,