СЛАВЧО ПОПОСКИ: Првиот ден од Божиќ ни носи ПОЛАРНИ услови

Под влијание на ПОЛАРНА воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент денес (07.01.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди кој подолги ќе бидат во западните предели. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, на некои места ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -13 до -6 степени додека на повисоките планини истите ќе се задржат околу -20 степени.

маркетинг


Select