Славчо Попоски: Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден

Денес (10.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и МНОГУ СТУДЕНО со повремени локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, понекаде и со умерен интензитет и тоа претежно во источните предели.

На некои места можни се и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.

маркетинг


Select