Претставници од Кралството Холандија во посета на Босилово

14962535_1223345657686748_2339504299060428807_n

Претставници од фирмите “‘Waterschap – Aa en Maas” и “Brabant water”‘ од Холандија неколку денови престојуваа во посета на општина Босилово.
Овие компании се специјализирани за за проблематика од областа на снабдување со вода за пиење и одведување и третман на отпадни води.
Општина Босилово има воспоставена повеќегодишна соработка со нив врз основа на што се имаат реализирано повеќе проекти, размена на знаења и искуства како и укажување на стручна помош за разрешување на одредени проблеми.
Претставниците на холандските фирми ја посетија пречистителната станица на локалниот водовод „Иловица„ со кој стопанисува ЈПКД „Огражден„ – Босилово каде што одржаа едукативно предавање и презентација за целокупниот процес на водоснабдување за учениците од ООУ „Кирил и Методиј„ – Иловица.
Исто така гостите од Холандија извршија презентација на од повеќемесечното истражување на локалитетот Моноспитовско Блато со посебен осврт на можностите за негова обнова и ревитализација.
Гостите имаа средба и сто градоначалникот на општина Босилово со кого беше договорено соработката да продолжи и во иднина.

маркетинг


Select