Прес на градоначалникот Стојанов – фокусот во 2016 беше ставен на с. Сушево

dsc_0677-1024x681

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов денес одржа прес конференција на која информираше за реализираното во 2016 година. Интегрално,  информацијата од пресот е во продолжение:

„Подобрувањето на инфраструкурата , развојот на индустријата  и воопшто  подобрувањето на животот на сите наши граѓани, беше приматот на општина Василево и во оваа 2016 година,  во која реализиравме повеќе проекти. Во пресрет на изготвувањето на Буџетот за следната година, би сакал да потенцирам дека во оваа година, општина Василево од својот Буџет но и од Буџетот на Владата на Р.М има инвестирaно  над милион евра. Сите овие средства се насочени за жителите на општината.

Фокус во ова 2016 година дадовме на населеното место Сушево каде инвестираме околу 700 илјади евра. Само за потсетување во ова населено место пред две години се случија поплавите кои предизвикаа огромни штети а ние како локална самоуправа обезбедивме средства за реализација на повеќе проекти. Таму во тек се работите за регулација на сушевскиот порој,  се работи на улица која ќе биде со тротоари , канделабри и атмосферска канализација. Во Сушево се работи и на изградба на мост. Станува збор за проекти кои верувам дека до крајот на годината ќе се реализираат и ќе бидат во функција на жителите од ова населено место

Паралелно со Сушево, работевме  проекти и во другите населени места . Во оваа година изградивме  улици во Добрашинци, Ангелци, две во Василево но и во Дукатино за што беа инвестирани околу 170 илјади евра.  Жителите од овие населени места веќе ги чуствуваат бенефитите од  изградените улици  кои се во должина од над  2 500 метри, што за нас како мала општина, е завидна бројка

Во функција на економскиот развој на општината а по барање на стопанствениците, оваа година  изградивме и улица во индустриската зона Градашорци .

На тој начин подобрени се условите за пристап и интензивирање на градбите  во оваа зона која треба да отвори нови работни места и изградба на откупни центри кои ќе бидат во корист на земјоделците . За таа намена таму вложивме околу 70 илјади евра. Кога сме кај индустриските зони, општина Василево е една од водечките по отварањето на свои зони и контуинирано вложување во нив. Во завршна фаза сме на урбанизација на  парцелите кај Нова Маала за изградба на винарски визби и фотоволтаични системи, што значи нови работи места и помош на лозарите околу пласманот на своето грозје.

Освен во патната инфраструктура контуинирано вложувавме и во изградба на спортски терени но и унапредување на  јавните зелени површини за што сведочат двата парка во Василево и Градашорци .

Кога сме кај спортските терени, општина Василево  во изминативе  седум  – осум години контуинирано работеше на подобрување на условите  за младите и спортистите за нивно рекреирање и спортување. Речиси во секое населено место изградивме спортски терени на кои граѓаните, посебно младите спортуваат и рекреираат и на кои веќе се одржуваат турнири. Истите ги градевме со  средства од Буџетот на општината но и од Владата на РМ. Така беше и оваа година. Изградивме повеќенаменско игралиште во Дукатино за што се инвестирани  40 илјади евра. Игралиштето е оградено и ќе биде осветлено и овие денови целосно ќе биде завршено  и ќе им служи на младите од ова населно место .

Општина Василево не застанува тука. Еве го креираме Буџетот за следната година и во партнерство со граѓаните ќе ги утврдиме потребите и приоритетите на општината за 2017 година. Нашите заложби остануваат како и досега,

–  инвестиции во патната и комунална инфраструктура со цел посовремени населени места,

– отварање нови индустриски зони со цел намалување на невработеноста

– и воопшто инвестиции  со кои ќе ги подобриме условите за живот на граѓаните во сите населени места  во општина Василево“.

маркетинг


Select