Прва заедничка седница: Бугарската влада со донација за општина Струмица

Република Македонија и Република Бугарија утре во Домот на АРМ во Струмица ќе ја одржат првата меѓу-владина седница.

Како што соопшти владината прес-служба, се очекува на седницата со која треба да заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов да бидат потпишани договори и меморандуми и да одржат заедничка прес-конференција. Засега не се соопштуваат датали за составот на тимовите кои ќе ги предводат премиерите на двете земји.

Се очекува во фокусот на разговорите да биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји.

Според агендата, предвидено е положување цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, а ќе биде предадена и донација на општина Струмица од страна на бугарската Влада.

Ова е прва меѓувладина седница што ја одржува Владата на премиерот Заев со Влада на држава од соседството. Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,