По полноќ повторно стартува изборен молк

Од вечер на полноќ до недела до 19 часот е изборен молк во пресрет на повторувањето на гласањето во недела во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори. Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 избирчари од кои 91 својот глас го дале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Прегласувањето следува откако Управниот суд ја прифати тужбата на СДСМ за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

маркетинг


Select