Погледнете каде се поставени контејнери за стаклен отпад во Струмица

Денеска започна поставувањето на контејнери наменети само за стаклен отпад во градот. Овие специјализирани контејнери се поставуваат во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата одговорна за отпад од пакување „Пакомак“ од Скопје. Според Бранко Ѓоргиев раководител на единицата „Чистота“, денеска се поставени контејнери на улицата „Невена Стојкова“ позади хотелот Есперанто, на улицата „Боро Поцков“ во близина на рестораните Пиликатник и Студио ин и во близина на угостителските објекти Космополит, Амор гранде, Еми ексклузив, Бонита, Елизабет, Вила Парк и Сириус, а утре ќе се продолжи на другите локации каде што и се собира најмногу отпад од стакло. Ќе бидат поставени вкупно 15 контејнери наменети само за отпад од стакло.

маркетинг


Select