Пандев: Ќе му дадам гол на Буфон и ќе се пензионираме заедно!

По утринскиот тренинг, нашите репрезентативци имаа одмор во хотелот во Торино и вечерва во мир ќе се насочат кон дуелот со четирикратниот светски шампион. Тројца Македонци се посебно мотивирани, бидејќи својот професионален леб го заработуваат на „чизмата“ и горат од желба да се докажат.

Еден од нив е капитенот Горан Пандев, кому му се исполни желбата да игра против италијанската репрезентација, а можеби утре ќе му се исполни и сонот да постигне гол против Буфон и во репрезентативниот дрес, откако го совлада во клупскиот.

„Знаеме дека Италија е гигант. Точно е дека недостигаат неколку фудбалери, но тие што играат воопшто не се инфериорни. Ние играме добро на последните натпревар, мислам дека ќе одиграме како и во Скопје. Треба добро да се браниме и да возвратиме преку контра напади. Се надевам дека „Олимпискиот стадион“ во Торино ќе ни донесе среќа. Знаеме дека Италија ни се извлече во Скопје, се надевам дека ќе им вратиме. Имаме 3-4 фудбалери кои играат во Италија, тоа ќе ни биде од помош, деновиве добро ги анализиравме „азурите“ и убеден сум дека сме подготвени. Знаеме Италија со каква одбрана располага, нивниот квалитет е огромен, но сум играл против тие фудбалери. Не можеме на Италија да му направиме десет зицери, но тоа што ќе ни понудат, треба да го искористиме. Секогаш ми е драго кога играм против Буфон, му дадов 4-5 гола, но и тој често ме победуваше. Се надевам дека утре ќе постигнам гол, а и при крај сме на кариерата и двајцата“, рече Пандев.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,