Пандев потврди дека е Гранде, децата се радуваа на пакетчиња

 

Кога доаѓа Дедо Мраз, сите деца се радуваат. А кога во негова улога е најдобриот македонски фудбалер и идол на најголем број од струмичките и македонските деца, Горан Пандев, тогаш воодушевувањето кај најмладите е максимално.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, кој деновиве е во родната Струмица поради паузата во италијанскиот шампионат, заедно со членовите од Академија Пандев им подели пакетчиња на најмладите од градинката „Детска радост“ во Струмица. На радоста на дечињата немаше крај…

маркетинг


Select