Општина Ново Село доби нов современо уреден парк

Завршија градежните работи на паркот во Ново Село. Дел од населеното место Ново Село со изградбата на овој современо уреден парк доби комплетно нов изглед. Со изградбата на овој парк и опремување на истиот со современа урбана опрема и хортикултурно уредување претставува уреден простор за одмор на жителите од оваа населено место. Овој парк е дел од проектот Парково уредување на централните подрачја во населените места: Ново Село, Зубово, Сушица, Борисово, Мокриево, Дражево и Смолари”. Вредноста за изградба на овој парк изнесува 934.363,00 денари. Oвие средства се обезбедени од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година и од Буџетот на општина Ново Село. Од овој проект досега се изградени паркови во населените места: Сушица, Зубово и Ново Село, во моментот се гради паркот во Мокриево потоа продолжуваме во Борисово и другите населени места.

14567983_1601227346848017_6536879872849769993_n

14691011_1601227343514684_517789939804120382_n

маркетинг


Select