Општина Василево ќе биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“, 2017

dsc_0633

Општина Василево е една од дваесетте општини од Р.Македонија избрани да бидат учесници во дипломатско детската манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, која е поддржана од амбасадорите на Европа и Европската Унија. По тој повод,  денес, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,  оствари средба со директорот и извршниот директор на „Црна Гора во ритамот на Европа“ г-дата Давид Макевич и Игор Карадаревич на која подетално беше запознат со обврските на општината во подготовките на нејзиниот претставник. Целта на манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранција, рамноправност на полови, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. Манифестацијата секоја година се одржува во земјата победник од претходната година. Во 2017 година ќе се одржи во Скопје. Децата кои ќе ја претставуваат својата општина, ќе се претстават со изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Манифестацијата има натпреварувачки карактер. Децата победници ќе ја посетат земјата чија што Амбасада ја претставувале на натпреварот. Децата од општина Василево ќе се натпреваруваат со децата од општините: Охрид, Јегуновце, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани, Гостивар, Дојран,  Кичево, Велес, Кавадарци, Свети Николче, Дебарца, Радовиш, Новаци, Крива Паланка, Делчево и градот Скопје. Децата учесници во манифестацијата ќе бидат избрани по пат на аудиција. Манифестацијата ќе се пренесува на Македонската радио телевизија.

Организацијата на манифестацијата Македонија во ритамот на Европа, годинава  ја поддржуваат Министерството за локална самоуправа заедно со Секретаријатот за европски прашања.

маркетинг


Select