ООУ „Маршал Тито“ од Муртино продолжува со заедничките активности од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, учениците од спортската секција во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од село Муртино, реализираа уште една планирана програмска активност. Беа опфатени повеќе елементи на заедничка тимска работа и работа во парови, со користење на топки и спортски реквизити набавени од донаторот на проектот. Меѓусебната соработка и дружење на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите, ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри. Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.

маркетинг


Select
Ознаки: ,