Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Ново Село-Блажо Велков

Почитувани граѓани на општина Ново Село …!
Почитувани браќа и сестри!
Изминува уште една година,година исполнета со многу реализирани проекти и активности кои секој граѓанин на општина Ново Село ќе ги вреднува на свој начин онака како што самиот тој цени и размислува.
Сите тие активности се очигледни и видливи за секој од нас.
Велат дека убавината не е во онаа што го гледаме туку во онаа што го чувствуваме додека ги гледаме делата и успесите од изминатата година.
Деновите пред Нова година се денови на оптимизам,денови на нова енергија и денови на нова сила.
Годината што доаѓа ќе биде година на нови предизвици со кои ќе се соочиме и се надевам дека успешно ќе ги оствариме.
Во годината што доаѓа сите влегуваме со желби,некои остварливи,некои не.
Сметам дека нема желба која е неостварлива ако реално ја посакуваме и се бориме да ја оствариме.
Овие празнични денови се денови кога се сплотува надежта и ни дава сила да опстоиме во заедничките дела,ни дава елан и мотив за подобро утре за сите нас.
Затоа во новата 2017та година Ви посакувам да ви се оствари со онаа што сте посакале и замислиле.
Вашите домови нека бидат исполнети со бескрајна радост и среќа а вашите срца со мир и топлина.

Почитувани граѓани на општина Ново Село!!
Се ближи најголемиот Христијански празник Божик.
Верувам дека коледарите ќе ги разгалат вашите срца бидејки тие се оличението на Божјите ангели кои што ја најавуваат најрадосната вест во Христијанството.
Утрото кое што сите ќе го дочекаме со Христос се роди!
За многу години да ни се празниците.
Да сте живи и здрави.

маркетинг


Select