НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-ШТИП: Едно лице го загуби животот

Педесет и петгодишен радовишанец загина на патот СТРУМИЦА-ШТИП кај клучката за Неготино, информираше доцна попладнево портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Таа истакна дека според увидот, до несреќата дошло при излетување на автомобилот во кој се превезувал радовишанецот. – Ова се првични информации од страна на лицата кои вршат увид на местото на несреќата за што дополнително ќе информираат, рече Панајотова.

Според Панајотова, во текот на попладневните часови на патиштата во источна Македонија има четири жртви во две одделни тешки сообраќајни несреќи.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,