Најмалку дожд наврна во Струмица

%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%b4-21

Најмногу дожд до 8 часот утринава наврнал во Битола околу 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, Гевгелија, Берово и Пожар само еден литар на метар квадратен.

Според информацијата на Управата за хидрометеролошки работи, во Претор наврнале 20 литри на метар квадратен, во Лазарополе и Маврово 13, Прилеп и Крушево 11, Охрид 10, Тополчани, 9, Дебар и Ѓуриште 7, Пожаране и во Скопје – Петровец 6, Тетово и Демир Капија 5, Куманово 4, Штип 3, во Скопје на Зајчев Рид, Виница и Дојран 2.

Според прогнозите на метеоролозите врнежи не очекуваат до вторник, по што се најавува стабилизирање на времето.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,