Над 15 лица со скршеници од лизгавите струмички улици

Осумнаесет лица се здобиле со скршеници по пад на мраз, информираат од Одделението за ортопедија во Општа болница во Струмица. Според нив, 14 лица имале полесни скршеници, на кои лекарите им ставиле гипс и ги пуштиле на болничко лекуивање.

-Четворица пациенти, поради комплицираноста на повредата, ги опериравме и тие се на болничко лекување. Меѓу пациентите се лица од сите возрасти, има и млади и повозрасни. Со таа разлика што младите најчесто кршат раце и зглобови, а кај повозрасните страдаат колковите. Имавме и скршеници на нозе и набиеници, вели спец.д-р Иван Ефтимов, ортопед.

Лекарите советуваат граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат од дома, особено повозрасните лица. Доколку мора да излезат, внимателно да се движат по лизгавиот терен, а рацете да не ги држаат во џебот.

Струмичките ортопеди апелираат до граѓаните доколку некој се повреди на мразот да не оди кај „местачи” или надри-лекари,, туку веднаш да побараат помош во ортопедското одделение.

маркетинг


Select