МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ ДАЛИ ТЕПАЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИ Е ПАТРИОТИЗАМ?

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија работата на 4-та седница на Советот на општина Струмица, во знак на, како што рекоа поддршка и солидарност со притворените за настаните од 27 април во Собранието на РМ.

– Сакам да прашам дали насилното влегување во Собранието, тепањето на пратениците и присутните новинари е патриотизам? Дали треба тие да се солидаризираат и во нивна чест да не дебатираат за останатите точки кои беа на дневен ред и се од интерес на граѓаните. Сметав дека оваа советничка група е поразлична и дека нема да води политика туку ќе работи во интерес на граѓаните на Општина Струмица. Советниците требаше да останат тука до крај, да дебатираат, да гласаат за или против. Притворените не се осудени, судот ќе каже дали го бранеле или кршеле Уставот, рече Даскаловски.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,