Кошаркарите на Пелистер подобри од Струмица

110224-penal-pobeda-za-pelisterci

Со натпреварот Пелистер – Струмица во кој победа оствари домашната екипа, комплетирано е 5.коло во Првата македонска кошаркарска лига.

На средбата која се одигра попладнево во Битола, домашниот тим на Пелистер ја победи Струмица со 71-67 по четвртини 23:28, 11:15, 20:9 и 23:20.

За битолскиот тим ова беше втора победа, додека струмичката екипа го претрпе третиот пораз сезонава.

На претходно одиграните натпревари од ова коло беа постигнати овие резултати: Фени Индустри – Куманово 72-64, АВ Охрид – Работнички 53-71 и Кожув – Вардар 73-49.

Табела: Работнички 5-0 (победи-порази), Фени Индустри 5-0, Куманово 3-2, Кожув 2-3, Струмица 2-3, Пелистер 2-3, АВ Охрид 1-4, Вардар 0-5.

маркетинг


Select