КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: ВМРО-ДПМНЕ СО СТАРИ И ИСТРОШЕНИ „ФИНТИ“ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ЗАМАЈУВА СТРУМИЧКАТА ЈАВНОСТ

Прес реакција на вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ

„Од ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Уште на вториот ден од кампањата за Локалните избори, оваа партија се обидува со стари и истрошени „финти“ да ја замајува струмичката јавност. Носителот на листата од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ, денес истакна деке Општината не реализирала многу ветени проекти, а спомна само четири.
Вистината вели дека ветената сообраќајница во близина на градскиот парк, не е ставена на одлучување пред Советот на општина Струмица, по барање на граѓаните кои живеат во тој дел на градот. Загрижувачки е тоа да не го знаат оние кои сакаат да станат советници, а за тоа можеле да го прашаат и нивниот кандидат за градоначалник кој од бизнис интереси поврзани со неговиот угостителски објект, е еден од оние кои се против таквиот проект.
Што се однесува до мултинаменскиот пазар, повеќе пати е одговорено дека овој проект не е реализиран по вина на претходната Влада на Република Македонија, која не ја отстапи касарната на општина Струмица, за разлика од сите останати, а токму таму беше предвидено да се гради споменатиот пазар.
За панорамското поврзување со Цареви кули, Општина Струмица изготви физибилити студија за поставување искосен лифт, како и документација за финансиска одржливост и проектна задача за апликација, но претходната власт, како и мнмогу пати порано, ги затвори фондовите за Општина Струмица, за таа намена.
И за крај, вистинско фијаско за ВМРО ДПМНЕ е ноторната лага дека изградбата на Соборниот храм во Струмица е ветен проект на Општина Струмица.
Вистината е таа. Останатото им го оставаме на оние кои се скарани со неа“.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,