КАЗНА ОД 45 ЕВРА АКО ВОЗИТЕ БЕЗ ЗИМСКА ОПРЕМА

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач што постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Полициски службеник, според законските одредби, ќе му нареди на возачот да го прекине натамошното движење на возилото ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата почна да важи од 15 ноември 2016 година, а ќе трае до 15 март 2017 година.

маркетинг


Select