Интензивно се чистат снегот и мразот во градот и населените места

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и по новите снежни врнежи продолжи континуирано рачно и машински да ги чисти улиците и тротоарите во градот. Во чистењето се вклучени камион со нож и трактори за расфрлање на индустриска сол, како и други машини за вакви прилики. Освен во централното градско подрачје, зимската служба на „Комуналец“ работи и во останатите делови на градот, особено во повисоките делови.
Освен во градот се чистат и патиштата кон населените места за што дополнително се ангажирани и други фирми. Се работи на патиштата кон Добрејци, Просениково, Градско Балдовци, кон Куклиш и Свидовица, на патот кон Робово, Муртино, Банско и Габрово, и кон Баница, Водоча и Вељуса.
Од „Комуналец“ велат дека комплетно се подготвено и ќе продолжат со чистењето, но апелираат во него да се вклучат и граѓаните и сопствениците на трговските и угостителските објекти и да ги исчистат приодите до домаќинставата и објектите.

маркетинг


Select