Изградба на мост Колешино – Бориево – воведување во градба

14859687_1604878729816212_3262867708997461234_o

Градоначалниците на општина Ново Село, г-дин Блажо Велков и Босилово, г-дин Љупчо Колев присуствуваа на воведување во работа на фирмата изведувач за изградба на мост на Моноспитски (Колешински) канал на патот помеѓу с.Колешино општина Ново Село и с. Бориево општина Босилово. Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина Ново Село и 1 милион денари од Буџетот на општина Босилово. Ке се изгради мост во должина од 30 метри и ширина 6 метри.
Воведувањето во работа се изврши во присуство на фирмата изведувач “БАУЕР БГ” ДОО – Скопје, надзорот, претставници од МЗ на населено место Колешино и претставници од Центарот за развој на Југоисточен плански регион.
Градежните активности на мостот ќе започнат веќе од 07.11.2016 година и затоа ги информираме граѓаните од населените места Колешино, Борисово, Габрово, Бориево и останатите дека мостот ќе биде во изградба и преминот преку истиот ќе биде забранет.
Со изградбата на овој мост ќе се олесни движењето на населението од двете општини и ќе се зголеми безбедноста бидејќи мостот е во руинирана состојба и претставува опасност за движење преку него.
По изградба на мостот општините Ново Село и Босилово ќе барат начин и финансиски средства за изградба и асфалтирање на патот с.Колешино – с.Бориево за кој имаме изготвено проект а средствата се во висина од 1.4 милиони евра.

маркетинг


Select