Зијах Соколовиќ лауреaт на 24. издание на фестивалот ,,Ристо Шишков”

012d68906a1df8452e19a8e678961004_700x550

Зијах А. Соколовиќ со претставата „Мечка – претставата во десет сцени за џез-трио и актер“ е лауреат на на 24. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Од вкупно 14 претстави кои се натпреваруваат за наградата за актерско достигнување, комисијата во понеделник дури на полноќ реши босанецот Соколовиќ да го добие златниот медалјон со ликот на Шишков и 1.500 евра парична награда и признание.

Зијах А. Соколовиќ е роден во Сараево во 1950 година и е автор и режисер кој твори на повеќе јазици.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков се одржа од 8 до 12 септември, а на него учестуваат ансамбли од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Србија.

Годинава се одбележуваат 30 години од смртта на патронот, Ристо Шишков. Фестивалот на камерен театар е финансиски поддржан од општина Струмица и од Министерството за култура.

14303899_10209363353553174_1590431022_o

14348918_10209363355033211_1918232016_n

маркетинг


Select