За 10 години бројот на невработени во Струмица е речиси преполовен од владините мерки

За десет години бројот на невработени лица во Струмица е речиси преполовен. Статистиката на агенцијата за вработување покажува дека во 2006 година бројот на невработени во струмичкиот регион изнесувал 20 053 лица. Десет години подоцна оваа бројка паднала на 11 253 или 8800 лица помалку што претставува намалување за над 43%. Во исто време бројот на вработените се зголемил за над 40%.

,, Бројот на вработени лица заклучно со 31.08.2006 година  бил 14 576 на подрачјето на општина Струмица, додека овој број денес изнесува 20 478 лица. Бројот на вработени лица се зголемил за 5902 лица или процентуално 40, 49% се зголемил бројот на вработувања во центарот за вработување во Струмица. Тоа е и нашата крајна цел, значи  бројот на невработени лица да се намалува,  додека бројот на вработувањата да расте.,, вели Павлина Георгиева – директор на центар за вработување Струмица

Од центарот за вработување во Струмица велат дека овој позитивен тренд се должи пред се на владиниот оперативен план и големит број активни мерки за кои во струмичкиот регион има голем интерес како од невработените лица така и од работодавачите кои благодарение на нив отвараат голем број нови работни места. Од таму најавуваат дека и во наредниот период тие ќе продолжат  со сите активности како во делот на едукацијата, така и во делот на промоцијата на оперативниот план кој ќе биде збогатен со нови мерки и поволности за невработените лица.

ИЗВОР: СИТЕЛ

маркетинг


Select