ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОТСЕЛЕНИ ОД ДРЖАВАТА СЕ ОД СТРУМИЦА

Од јуни до септември од Македонија се отселиле 31.170 млади од Македонија, што е повеќе од населението во општина Радовиш. Според статистичките податоци, Радовиш има нешто помалку од 30 илјади жители.

Според Државниот завод за статистика, оваа бројка од 31.170 луѓе се однесува на млади од 18 до 37 години.

Најголемиот број на отселени се од Струмица и Куманово, а има и од Скопје, а како најголема причина за тоа може да се гледа безперспективноста.

Трет месец последователно се бележи пад на индустриското производство, извозот, пониската просечна плата и другите негативни индикатори со што е намалена конкурентноста на македонската економија.

Падот во градежништвото за огромни 25 отсто за месец јуни, но и падот во другите индустриски гранки, негативно ќе се одрази врз намалување на невработеноста, што ќе значи дека во Република Македонија наместо нови вработувања, ќе има отпуштање на работници.

Со падот на градежништвото паѓаат повеќе гранки, а бидејќи градежништвото е мотор на растот на Бруто домашниот производ, може да се очекува и пад на БДП.

маркетинг


Select
Ознаки: ,