„Денови со Митко Маџунков“ се одржуваат во Струмица

mkd-292241

Манифестацијата „Денови со Митко Маџунков“ за првпат во Струмица ќе се одржи на 9 и 10 ноември годинава. Манифестацијата има за цел да го популаризира делото на писателот и академик, струмичанецот Митко Маџунков, прозаист, драмски автор и есеист.

Манифестацијата е произлезена од иницијативата на група културни работници, уметници од НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. Првиот ден, на 9 ноември, ќе се случи посета на неколку населени места во Струмичко, каде што живеат бегалци од Кукушко, познати како бежанци, при што некои од нив послужиле како прототипови за ликовите во романот „Кон другата земја“ на Маџунков. Истиот ден ќе се одржи и музички концерт.

Вториот ден, на 10 ноември, претпладнето, ќе се одржи училишен час со Маџунков во струмичката гимназија, каде што тој го завршил своето средно образование. Вечерта, во 19 часот ќе се одржи промоција на собраните дела на Маџунков во издание на издавачката куќа „Три“ од Скопје. Промотори ќе бидат академик Ѓорги Старделов, академик Влада Урошевиќ и проф. д -р Венко Андоновски.

На манифестацијата со свои искажувања ќе учествува и проф. д-р Ратко Дуев, како и поддржувачи и љубители на делата на Маџунков од Струмица.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

маркетинг


Select