ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ЕВЕ ДО КОГА ЌЕ ТРАЕ СТУДЕНИОТ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА

Студено време со утрински температури под нулата и до – 22 степени ќе потрае се до наредната недела во четврток.

Според УХМР денес температурата ќе се движи од -19 до -8 степени, во недела од -22 до -10, понеделник од -19 до -7, вторник -17 до -7, среда -16 до -5 и во четврток од -13 до -3 степени. Дневните температури до вторник ќе бидат во негатива и ќе се движат утре од -11 до -6,  од -11 до -5 во недела, -10 до -3 во понеделник и -7 до -1 во вторник. Во среда максималната температура ќе се движи од -4 до 2 и во четврток од 0 до 6 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и многу студено со услови за провејување на локален слаб снег.

маркетинг


Select