ВМРО-ДПМНЕ победи, го добива мандатот за составување Влада- поразениот Заев вети оставка ако изгуби

dik-3-640x317-92934

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победија на предвремените парламентарни избори одржани вчера. Според 99,72 отсто преброени гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласа, додека опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 436.469 гласа. Според ова, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49.

ВМРО-ДПМНЕ го добива мандатот за составување на новата Влада. Со оглед на тоа што дијаспората не освои ниту еден пратеник, следниот пратенички состав ќе брои 120 пратеници, односно потребни се 61 пратеник за формирање на Влада. За ВМРО-ДПМНЕ ова да го оствари, потребно е да коалицира само со ДУИ, партија која освои 10 пратенички мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и после 2 години невидена црна кампања и напади, во кои СДСМ беше само инструмент, освои резултат приближно ист како во 2014-та година. Разликата во македонското гласачко тело меѓу ВМРО-дпмне и СДСМ се уште е околу 100.000 гласови.

СДСМ го компензираше поразот со огромната поддршка од етничките Албанци. Заев за ветувањата за федерализација и кантонизацијата на Македонија доби над 70.000 гласови, кои беа пресудни за конечниот исход. Веднаш по завршувањето на гласањето, членот на ЦО и ИО на СДСМ, Мухамед Зекири излезе со бројки за големата поддршка која СДСМ ја добил во албанските средини, односно победиле во Брест, Арачиново, Студеничани, Диво Насеље.

Иако најави дека ако загуби ќе поднесе оставка и ќе се повлече од политичката сцена, опозицискиот лидер Зоран Заев и покрај тоа што е поразен со околу 20 илјади гласови разлика, сепак се претставува како победник на изборите.

-Уверен сум дека ќе победиме. Народот сака промени, режимот е прочитан. Но сепак, ако победи мафијата, јас ќе поднесам оставки на сите политички функции и во СДСМ и во општина Струмица и ќе се вратам на бизнисот, изјави Заев за Телма пред неколку дена.

Ваквиот став Заев го повтори и вчера по гласањето, кога изјави дека ако на вака значајни избори се случел негативен резултат, тогаш му завршува политичката кариера.

-Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.

Според член 63 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот состав на Собранието се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, која ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21-виот ден од денот на завршувањето на изборите.

Според член 90 од Уставот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

маркетинг


Select