ВИДЕО: Тиверија го стресе шампионот Истатов, му даде седум гола во Струмица!

Актуелниот фудбалски шампион во женска конкуренција, Истатов, доживеа тежок пораз, кој воедно е и прв за тимот оваа сезона. Истатовки беа високо поразени кај Тиверија Струмица, со 1-7 (0-3).

Уште во првото полувреме струмичанки дадоа три гола, за потоа, да ја потврдат убедливата победа која ги однесе на врвот на табелата, меѓу непоразените оваа година.

Двоен стрелец на мечот беше Дервиши, а по еден гоп дадоа Николовска, Ристовска, Велкова, Митревска и Димоска. Единствениот гол за Истатов беше дело на Боглева.

На останатите два денешни натпревари, Тетово со 8-1 славеше над Њу Јорк, додека Борец како домаќин со 2-0 славеше над Речица.

4. КОЛО

Тетово – Њу Јорк 8-1
Борец – Речица 2-0
Тиверија – Истатов 7-1
Топ Гол – Драгон (недела)
АС Јунајтед – Атлетико (недела)
Кочани – Каменица Саса (недела)

ТАБЕЛА: Тиверија 12, Драгон 9, Борец 9, Истатов 9, Тетово 9, Атлетико 6, АС Јунајтед 3, Топ Гол 3, Речица 3, Кочани 0, Саса 0, Њу Јорк 0

маркетинг


Select
Ознаки: , ,