(ВИДЕО) НБА стил: Во Струмица без гледање го погоди кошот од половина терен

screenshot-from-2016-11-27-14-05-02

Работнички како гостин во рамките од второто коло во Првата македонска лига немаше проблеми против тимот на Струмица и со 68-85 го запиша вториот сезонски успех.

Во родната Струмица после 20 години се врати и нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски кој ги брани боите на тимот од „Градски парк“ и вчера забележа 12 поени (10 асистенции).

На паузата од овој меч одигран во салата „Парк“ – Струмица, како на НБА натпреварите, еден од домашните фанови, на име Зоки, од половина терен без гледање успеа да постигне кош за голема радост на трибините.

Видеото проследете го на следниот линк: https://www.facebook.com/kire.pilicev/videos/1561579020522728/

маркетинг


Select
Ознаки: ,