ВЕЧЕР : Заев се пишмани – Останува градоначалник на Струмица!

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не се повлекува од функцијата градоначалник на Струмица иако претходно, пред советниците на општината говореше дека си дава оставка и дека ќе оди на друга функција, алудирајќи дека ќе биде нов премиер.

 Но, како што веќе сме навикнати: Заев рекол, Заев порекол! А ние сме тие кои не сме го разбрале.

– Беше заменет заменик градоначалникот, пратеничката Катерина Кузмановска стана пратеник и таа беше заменик градоначалник од редот на советниците. Вчера само објавив дека друг ќе ја води функцијата заменик кградоначалник и реков дека ова е последна седница на советот на Општина Струмица за оваа година – одговори Заев на новинарско прашање во петокот, на прес конференцијата пред Собранието.

Одлука, дека ќе се повлече од функцијата, тој ја соопшти на седницата на на Советот на општината пред 4 дена, на која ги информираше советниците дека ова ќе му биде последна седница на која тој учествува бидејќи мандатот како градоначалник му завршува поради заминување на друга функција.

-Во следните денови настапува престанок на функцијата градоначалник порадизаминување на друга функција и согласно законот сакам да ги информирам советниците, а преку медиумите и граѓаните дека наредните денови ќе именувам заменик градоначалник согласно законот. Досега функцијата заменик градоначалник ја вршеше сегашната или идната пратеничка доктор Катерина Кузмановска. – рече тогаш Заев. (види видео – https://youtu.be/0EhxqNkEo34?t=208)

Заев пред само 4 дена информираше дека согласно законот вршителот на должноста градоначалник треба да биде поставен од редот на советниците и затоа на оваа позиција го именува Костадин Костадинов, актуелен советник и претседател на локалниот клуб на млади на СДСМ во Стрмица кој исто така беше и кандидат за пратеник на листата на СДСМ на последните предвремени парламентарни избори .

ИЗВОР: ВЕЧЕР

маркетинг


Select